Ние Тетовчаните сме сведоци на едно бурно време, но и на катастрофата што ни ја приреди СДСМ и нивните алчни и болни за власт пораки кои ни ги запустија фабриките, ги избркаа работниците, ги осиромашија граѓаните- порача од народниот собир во Тетово Светлана Карапетрова, пратеник во Собранието на РМ од Тетово од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
Карапетрова околу делата по кои граѓаните ја препознава оваа власт, таа посочи дека се наоѓаат во една од седумте изградени спортски сали, посочи на изградба на училишта, реконструкции на регионални патишта, како оној од тетово до Јажинце.
Говорејќи за многуте проекти кои се реализирани, се реализираат и кои наскоро е почнат да се реализираат во тетовско, пратеничката на ВМРО ДПМНЕ посочи на отворањето на индустриската развојна зона во Тетово и патниот правец Тетово- Кичево. Двата проекта се во насока за подобрување на стандардот на живеење во тој регион, особено во борбата со најголемиот проблем- невработеноста.
-Индустриската зона започна со 103 вработувања, но она што за нас Тетовчани е најважно е тоа што премиерот ни објави 2500 нови вработувања во американската компанија за автоиндустрија, вест која Тетовчани ја примија со огромна радост- истакна Карапетрова.
Но се појавија сили на кои сето ова им пречи, им пречи да ја гледаат Македонија силна, безбедна и стабилна- посочи Карапетрова, која повика да не се подлегнува на провокации на оние кои не мислат добро на Македонија, оние кои се желни за власт без поддршка од народот,
-Народот е силата, тој ја дава власта, ја даде на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски и никој нема право да ја погази волјата- посочи Карапетрова од народниот собир во Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)