| четврток, 6 декември 2018 |

Годинава реконструкција на уште три училишта во Тетовско

prazno skolo

-Инвестираме многу во образованието, во образовната инфраструктура како ниту една друга Влада досега. Во овој регион досега имаме изградено 4 сосема нови училишни сали во вредност од над 2 милиони евра. Имаме изградено и 3 нови спортски сали преку Агенцијата за спорт и млади со инвестиција од над 1,5 милиони евра. Само во Тетово во моментот е во тек е изградба на уште 3 нови спортски сали, две големи со трибини и една мала сала за што ќе бидат инвестирани околу 2 милиони евра – рече премиерот Никола Груевски на денешниот народен собир во Тетово.

Тој потсети дека се изградени седум  целосно нови училишта, за што се инвестирани околу 4 милиони евра.

-Со над 2 милиони евра реконструиравме и 36 училишта во овој регион. За оваа година во Тетово планираме реконструкција на уште 3 училишта, и реконструкција на училиштето во Вратница за околу половина милион евра. ​Инвестираме и во спортот. Со околу 1 милион евра изградивме фудбалски игралишта во Тетово, Гостивар и Теарце и повеќенаменски игралишта во Гостивар и во Јегуновце – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top