Неколку лица се повредени во пукотница што се случила ноќеска во Охрид. На пукотницата и претходела жестока физичка пресметка во која учествувале пет до шест алкохолизирани млади лица што се случила во кафе-бар во градот. Инцидентот со огненото оружје се случил пред домот на еден од инволвираните.
Неколку од повредените се примени со физички повреди и хоспитализирани во Општата болница во Охрид.
Полицијата го поврди инцидентот и најави повеќе информации во текот на денот, откако ќе завршат информативните разговори со очевидци и со учесниците во тепачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


