| четврток, 6 декември 2018 |

Голем народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово

sobir_thumb_medium500_353

Продолжува караванот на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата денеска соп почеток во 13 часот ќе одржи народен собир во спортската сала на Медицинското училиште „Никола Штејн“ во Тетово.

Со овој собир партијата сака уште еднаш да порача дека нема да дозволат никакви црни сценарија за државата.

Почнавме една позитивна пракса директно да одиме и да се среќаваме со граѓаните и заедно со нив да ги разговараме најбитните проекти. А во исто време граѓаните да се запознаат со она што го имаме реализирано и она што планираме да го реализираме во иднина, но секако и да искажаат одредени свои идеи и ставови. Основната и главната порака е дека ВМРO-ДПМНЕ нема да дозволи дестабилизација на Република Македонија и никакви црни сценарија. Во исто време ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на евроатланската перспектива, како и на клучните реформи коишто ги спроведува – рече вчера пратеникот Александар Николоски, по повод денешниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.

Сценариjата на Заев и на СДСМ, нагласи тој, се јасни и народот досега бил сведок на вакви сценарија и во минатото.

За жал оваа е кулминација на црни сценарија кои што ги спроведуваат, но тие се добро препознаени од греѓаните. Она што е особено значајно е дека ваквите средби и ваквите трибини доаѓаат токму на барање на граѓаните коишто сакаат да ја искажат својата енергија и да дадат една силна поддршка на политиките и програмата којашто ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ, посочи Николоски во вестите на „Канал 5“.

Според него јасно е дека Зоран Заев соочен со неколку изборни порази на СДСМ, со немањето на кадровски потенцијал којшто ќе застане како алтернатива на ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак со програма која што ќе им ја понуди на граѓаните, прибегнале кон соработка со странски тајни служби со цел да ја сруши не Владата, не парламентарното собрание, туку Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top