| четврток, 6 декември 2018 |

Турски актер 32 пати го прободел својот татко

Турскиот актер Орхан Шимшек, кој во Македонија е најпознат по улогата во серијата „Неправда“ на „Канал 5“, го заклал својот татко пресекувајќи му го вратотот.

Како што пренесуваат турските медиуми, 30-годишниот Шимшек самиот ѝ се предал на полицијата

Актерот долго пател од биполарно пореметување, а во јануари годинава заедно со татко му исчезнале. Злосторство се случило во близина на градот Адијаман, а според првичните информации, Шимшак во полиција изјавил дека не знае зошто го направил тоа.

Обдукцијата покажала дека таткото Али починал од расекотината на гркланот, но на неговото тело биле пронајени уште 32 убодни рани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top