| четврток, 6 декември 2018 |

Со песна на Тамара, Трајче продолжува понатаму во натпреварувањето (ВИДЕО)

trajce

Тринаесетгодишниот струмичанец Трајче Ѓоргиев продолжува понатаму со натпреварувањето во детскиот натпревар за таленти „Пинкови ѕвездички“. Во 30-тата емисија од шоуто, Трајче настапи со „Тажна љубов, среќна песна“ од Тамара Тодевска.

Струмичанецот, кој е миленик не само на публиката, туку и на жирито, повторно доби пофалби за настапот.

Ти имаш еден совршен, прекрасен и широк глас, искоментира Хари Мата Хари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top