| четврток, 6 декември 2018 |

Најсмешните прашања за Новак Ѓоковиќ (видео)

novak

Новак Ѓоковиќ сигурно гази кон титулата во Мајами на Ки Бискејн, а во слободното време, кога не е на тениските терени стаса и да одговори на прашањата на своите симпатизери преку Твитер.

Еве ги најсмешните прашања за најдоброрангираниот светски тенисер на планетата и неговите одговори.

1. Можеш ли да го ставиш топчето во уста?

Не знам, ти што мислиш?

2. Зошто Борис Бекер ги следи твоите мечеви со скинати патики?

Ова е одлично прашање. Секоја чест што сте забележале дека е така. Верувам дека сака да го деконцентрира мојот противник, особено кога времето е лошо.

3. Каде ти помага повеќе твојата еластичност. Во тенисот или во приватниот живот?

Сигурно ми помага во професионалната кариера како тенисер, а за приватниот живот ќе ја прашате мојата сопруга Јелена.

4 Направи го најсмешниот израз на лицето што можеш

За овој одговор ќе мора да го погледнете видеото, на кое се сите прашањ и одговори на Новак Ѓоковиќ.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top