| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоровиќ и Стојковски потпишаа меморандум за стипендирање студенти

80c91c30-5548-4f49-8c7a-1c310f07b57c

Градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, вчера потпишаа меморандум за соработка за стипендирање студенти на оваа високообразовна институција.

– Од меморандумот за соработка ќе произлезе договор за стипендирање четворица наши студенти, кои по завршувањето на студиите ќе бидат вработени во општина Центар. Се работи за студенти од Градежниот, Архитектонскиот, Правниот и од Економскиот факултет – рече Стојковски.

Тој информира дека факултетите со своите контакти со индустријата, партнери и со стопанските субјекти дополнително имаат обезбедено стипендии. Изминатите четири години од Владата на Република Македонија, потсети тој, се добиени преку 240 согласности за нови вработувања.

Тодоровиќ истакна дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е најеминентната високообразовна институција во Македонија што, како што рече, нѐ прави сигурни дека ќе добиеме квалитетни кадри кои подобро ќе ја извршуваат работата во општината. Нагласи дека на општината најмногу ѝ недостигаат кадри од право, економија, градежништво и архитектура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top