Српската полиција го уапсила 29-годишниот Стеван Којиќ од Јагодина за убиството на неговата три години помлада сопруга Жаклина. Убиството се случило синоќа во 23 часот.
Стеван ја претепал сопругата до смрт удирајќи ја со раце и со нозе, додека нивните деца од три, односно една година, биле во соседната соба будни. Од здобиените повреди Жаклина починала пред лекарите да можат да ѝ помогнат.
Неодамна, двојката учествуваше на реалното шоу „ДНК“ во продукција на „ТВ Пинк“, кое се прикажува и во Македонија преку програмата на телевизија „Алфа“ .
Според епизодата во која учетвуваше ова семејство, Стеван се двоумел дека едно од децата не е негово, но резултатите од ДНК анализата биле позитивни, односно го докажале спротивното.
Без разлика на добрите вести, Стеван во емисијата изјавил дека планира развод од сопругата, за која се сомневал дека го изневерувала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка