| четврток, 6 декември 2018 |

Во Гази Баба ќе се гради економска зона

t_t-500

Она што е планирано е изградба на економска зона на влезот на обиколницата во општина Гази Баба, со што ќе се привлечат инвестиции и ќе се отворат нови работни места, најави денеска премиерот Никола Груевски на митингот на партијата во Гази Баба.

Тој заедно со актуелниот и кандидат за градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски, најави и уште многу други големи капитални проекти.

-Во општината се предвидува и изградба на клучка во Јурумлери со приклучни и исклучни ленти, се предвидува нов мост на реката Вардар за поврзување на Аеродром со општината Гази Баба, за поврзување на Хиподром со населбата Ченто, завршување на проектот за фекална канализација во Стајковци, изградба на фекална канализација и во многу други населби, атмосферска канализација во населбата Триангла, предвидена е изградба на нов училиштен објект, нова зграда на училиштето Григор Прличев, изградба и на нова зграда за училиштето Крсте Мисирков, две фискултурни сали, фудбалски игралишта, изградба на спортска сала во населбата Ченто, изградба на терен за тенис и многу други проекти кои можете да ги видите во програмата на Тони Трајковски, проекти кои ќе бидат исполнети од него, изјави премиерот Груевски.

Тој посочи дека Трајковски е еден од оние луѓе што можат да се пофалат со дела.

-Тој во минатиот период макотрпно работеше, и најголем дел од проектите ги заврши. Не му беше лесно бидејќи општината нема многу пари, и имаше проблеми. Многу чувствителни проблеми кои не можат да чекаат. Тој навистина тргна со една силна динамика, без фалење, без маркетинг, тивко, енергично и со многу труд си ги заврши проектите во програмата. Успеа да направи патна инфраструктура во должина од 60 километри, изградена се делници, асфалтирани се локалните патишта, нови површини за паркирање, нова мрежа на фекална канализација, изградени се плоштади, детски игралишта, фудбалски игралишта, училишна спортска сала, исчистена е каналската мрежа, реконструирани се градинките, направени се и редица други проекти, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Рече дека токму затоа Трајковски заслужува да му се верува и да му се даде уште еден мандат, бидејќи тој направи дела кои беа над финансиските можности на општинат

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top