| четврток, 6 декември 2018 |

Хулигани има и во Австралија, судиите под баражен оган од шишиња (видео)

ragbi

Хулигани на спортските натпревари за чудо има и во Австралија, земја позната како вистински пример за мултикултурен амбиент и соживот на различни заедници, нации и раси. На меч од рагби лигата меѓу Сиднеј и Катенбури, домашните навивачи со шишиња ги гаѓаа судиите. И тоа со невидена жестина, па арбитрите буквално беа под баражен оган од тврди предмети кои летаа од трибините. Едниот од судиите дури и падна од силината на ударот, но некако успеа да побегне во подтрибинскиот простор.

Чудно за Австралија, каде досега хулиганското однесување на навивачи на спортските арени беше речиси непознат поим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top