| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Не сум предавник, зад мене стојат граѓаните

STEVCO_TAFTALIDZE_MITING313

Вечерва во трговскиот центар „Лептокарија“ во населбата Карпош 3 завршен митинг одржа актуелниот градоначалник на Карпош и кандидат за нов мандат од Српската напредна странка, Стевчо Јакимовски.

На митингот, покрај што беа претставени дваесет и тројцата кандидати за советници од Српската напредна странка, се обратија и нејзиниот лидер Драгиша Милетиќ, како и претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски. На 24 март да го заокружиме бројот осум и уште во првиот круг Карпош да го добие градоначалникот, зашто карпошани тоа го заслужуваат, повикаа двајцата подржувачи на градоначалничката кандидатура на Јакимовски.

Милетиќ информира дека, откако решил да го поддржи Јакимовски за уште еден мандат, зашто тоа неговата партија одбила да го напарви, имал контакт на нивно барање со многу странски амбасади, кои не верувале дека конечно во Македонија се појавил граѓански концепт.

Токму граѓаните и нивните потреби, независно од националната, верската или партиската определбал, се ветрот во мојот грб и она што ми даде храброст да одам напред, а поради тоа ме обвинија за предавник, рече Стевчо Јакимовски на завршниот митинг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top