| четврток, 6 декември 2018 |

Кекеновски исклучен од ВМРО-ДПМНЕ на иницијатива на основачите и на ветераните

jove kekenovskiНа иницијатива на основачите и на ветераните, Јово Кекеновски е исклучен од ВМРО-ДПМНЕ.

Дознаваме дека на иницијатива на повеќе основачи, ветерани и членови на  општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бутел, дисциплинската комисија на општинскиот комитет донесе одлука за исклучување од партијата на Јово Кекеновски.

Во причините за исклучувањето се наведуваат обидите за нарушување на угледот на ВМРО-ДПМНЕ и дејствување во спротивност на политиките и определбите на партијата.

Претседателот на Општинскиот комитет од Бутел, Боби Бојчевски, ја потврди информацијата за исклучување на Кекеновски додавајќи дека иницијативата дошла изворно од повеќе членови на партијата кои укажувале за повеќекратно прекршување на статутот на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Кекеновски и кои отворено искажувале незадоволство од неговото однесување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top