| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен млад велешанец за кражби во цркви, базен, куќи, продавница…

Велешката полиција поднесе кривична пријава за Н.Д. (24) од Велес за шест кривични дела тешка кражба, едно кривично дело кражба, како и осум кривични дела кражба што се гонат по приватна тужба.

Во периодот 15 до 23 јануари пријавениот со кршење на дрвените влезни врати влегол во црквите „Св.Богородица“ и „Св.Пантелејмон“ во Велес, ги скршил дрвените каси и при тоа од двете цркви одзел вкупно 8.000 денари. 

Исто така, пријавениот извршил четири тешки кражби во три куќи и една продавница лоцирани во Велес, така што, најчесто со употреба на соодветен алат ги кршел катанците од влезните и од подрумските простории, влегувал внатре и одземал најразлични предмети како: техничка стока, пари и разни предмети од домаќинството.

Кривичното дело кражба го сторил на тој начин што од базен „Снупи“ во Велес одзел компресор за вода и дел од инвентарот.

Одземените предмети од наведените кривични дела му ги продавал на лице од Велес, кое потоа ги продавало во Скопје и во отпадите како старо железо.

Со наведеното, пријавениот нанел материјална штета во износ од 102.000 денари.

Во истиот период, пријавениот сторил и осум кривични дела кражба, кои се гонат по приватна тужба, при што на оштетените им нанел материјална штета од 39.500 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top