| четврток, 6 декември 2018 |

Како изгледаат првите 24 часа мајчинство?

88019_7_630x0

Велат дека од мајчинската не постои поголема љубов. Британската уметница и мајка на две деца Џени Луис направи интересен, но, пред сѐ, емотивен проект.

Луис фотографирала мајки со своите деца стари по неколку часа и така настанале уметнички дела кои со себе носат многу емоции. Проектот се вика „Еден ден стар“.

– Бидејќи и самата родив две деца, свесна сум за неверојатните промени кои мајчинството ги носи со себе. Сакав да ја овековечам првата, исконската емоција. Помислив дека и сама би сакала да видам такви фотографии. Низ овие фотографии сакав да искажам поддршка, сила и да ги уверам жените кои, кога ќе станат мајки, ќе почувстуваат животна радост, голема трансформација и безусловна љубов – вели уметницата.

Како што вели, апсолутно уживала додека ги фотографирала мајките и нивните новородени бебиња и присустувала на прекрасна енергија.

Проектот се состои од 40 портрети на мајки и нивните бебиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top