Од грчките телевизии ќе биде побарано да платат повеќе од 40 милиони евра заостанат данок, соопшти Владата во Атина.
Кабинетот на Ципрас планира да побара од ТВ станиците да платат два проценти данок на нивниот промет, кој не е собран од 2011 година, јави дописникот на МИА од Атина. Тоа значи дека Владата ќе треба да собере вкупно 24,1 милиони евра од бесплатните канали и 16,6 милиони евра од телевизиите за кои граѓаните плаќаат да ги гледаат.
Телевизиите, сепак, сметаат дека тие не треба да го платат овој износ со оглед на тоа што политичките партии во текот на последните неколку години ја искористиле предноста на законот од 2002 година да емитуваат реклами на телевизија бесплатно, што, според нив, значи дека даночните давачки се пребиваат со тоа бесплатно емитување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.