„The School of Life“ направи уште едно одлично видео, во кое ги претставува 10-те доблести на добриот човек. Тоа ќе ве натера да си поставите голем број прашања, вклучувајќи и како да се однесувате со останатите …
Кои од следниве карактеристики ги поседувате? Врз кои би можеле да поработите?
1. Издржливост – способноста да продолжите понатаму дури и тогаш кога ситуацијата се чини безизлезна.
2. Емпатијата – способноста да бидете сочувствителни и да се идентификувате со уникатните искуства на другите.
3. Трпеливост – да останете смирени, кога работите не се одвиваат баш така како што сте ги замислиле вие.
4. Саможртва – да заборавите на сопственото задоволство, за сметка на нечие друго.
5. Љубезност – да имате добри манири и да ги почитувате другите.
6. Хумор – да ја гледате смешната страна на нештата и да умеете да се потсмевате на самите себе.
7. Самосвесност – да превземате одговорност за своите постапки и да бидете свесни за тоа какви сте вие всушност.
8. Да умеете да простувате – да им ги простите грешките на другите, кога тоа е можно.
9. Надеж – верба дека убавите работи допрва претстојат и дека нешто убаво ве очекува на хоризонтот.
10. Самодоверба – да верувате во себе и да ризикувате.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)