| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ и Серена Вилијамс туркаат кон финалето на Ки Бискејн

Новак Ѓоковиќ и Сереана Вилијамс туркаат кон финалето на турнирот од мастерс серијата 1000 во Мајами, на Ки Бискејн. Со многу мака двете најдоброрангирани светски тениски фигури во моментов се пробија до полуфиналето.

Ѓоковиќ ќе игра со Џон Иснер за пласман во финалето, откако најпрво се спаси од пораз против Долгополов, а потоа во одличен четвртфинален меч го надигра Давид Ферер со 7-5, 7-5.

Следен ривал му е домашен тенисер, а интересно е што Иснер и по шести пат победи во четвртфинален меч на турнир од мастерс серијата 1000 во исто толку обиди, што значи дека има стопроцентен ефект во оваа фаза.

Во второто полуфинале ќе играат Енди Мареј и Томаш Бердих.

Слично како и кај Ѓоковиќ и на Серена Вилијамс не и оди мазно на патот кон финалето на Ки Бискејн. Се мачеше и во раната фаза, но и ноќеска против Симона Халеп. Сепак со 2-1 во сетови Американката успеа да ја победи противничката од Романија и да ја спречи да освои втора титула едноподруго на американските турнири. Халеп претходно славеше на Индијан Велс.

BNP Paribas 2014 Masters Tennis Tournament

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top