Грчкиот премиер Алексис Ципрас соопшти дека надоместот од пет евра за пристап до државните болници ќе биде укинати и ќе бидат вработени 4.500 здравствени работници.
Мерките се дел од планот на неговата Влада со кој сака да ја укине, како што ја нарече, хуманитарната криза во земјата.
Укинувањето на надоместот од пет евра за болнички посети ќе го оштети буџетот за околу 20 милиони евра годишно, а вработувањето на здравствените работници ќе биде во спротивност со барањата на кредиторите за намалување на јавниот сектор, во време кога Атина со сите сили се труди да добие уште една транша од финансиската помош.
– Сакаме да го претвори во здравствениот сектор од жртва на финансиската помош, жртва на штедењето, во основно право на секој жител на оваа земја и се обврзуваме да го направиме тоа по секоја цена – рече Ципрас додавајќи дека ќе се бори против „варварските услови“ во државните болници и корупцијата во овој сектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Ројтерс: Ципрас обезбеди доволен број гласови за ратификација Преспанскиот договор и без Каменос
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!