Денеска е поставен камен-темелник на нова зграда со 76 социјални станови во населбата Точила во Прилеп. На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.
Објектот ќе се протега на површина од 3.220 метри квадратни, а средствата за изградба на становите се обезбедени од Европската банка за поддршка и развој, Владата и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. Изведувач на работите ќе биде „Виа инженеринг“ од Вевчани.
– Ова е дел од владината програма за изградба на станови за социјално ранливите категории зашто интенција на Владата е секое семејство да има можност да дојде до покрив над главата – истакна Цветко Грозданов, директор на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.