| четврток, 6 декември 2018 |

Нова мода, во ринг на бокс-меч со мобилен телефон (видео)

boks

Боксерот Марвин Џонс воведе нова мода во спортот што го сметаат за благородна вештина и влезе во рингот на меч со Рамон Николас со мобилен телефон. Во еден момент телефонот му испадна среде рингот, па судијата мораше за момент да ја прекине борбата. И, секако, целата ситуација предизвика смеа кај публиката.

Необична ситуација во спорт што бара максимална концентрација и каде што воопшто нема потреба од јавување на мобилен телефон. Но, Џонс веројатно си имал свој план, некому да му се јави, или пак го заборавил телефонот во шорцевите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top