| четврток, 6 декември 2018 |

Коце Трајановски: Во Гази Баба сработивме повеќе од 500 проекти

g_g_kocevobutel
Јас на позицијата градоначалник на градот Скопје дојдов од позицијата градоначалник на општина Гази Баба, нагласи во своето вечерашно пред граѓаните на општина Гази Баба, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за град Скопје, Коце Трајановски.
“Општина Гази Баба е мојата општина. Општината од која станав градоначалник на град Скопје“, нагласи Трајановски.
Тој истакна дека таа обврска била голема чест и голема одговорност, одговорност да се исполни ветеното и додаде дека она што било ветено во изборната програма тоа е и остварено.
“Јас и мојот тим работевме макотрпно 4 години да ги реализираме проектите, затоа што знаев дека денеска ќе застанам пред вас и ќе го дадам отчетот за сработеното. Во него се сите сработени проекти“, нагласи тој и напомена дека за време на неговиот мандат биле сработени повеќе од 500 проекти кои, како што рече, значат подобро Скопје, подобри услови за живеење на граѓаните.
Напомена дека проектите се сработени во соработка со Владата на Република Македонија и со општина Гази Баба и додаде дека подеднакво се градело во сите 10 општини и дека ниту една општина не била заборавена.
“Независно од етничката припадност, независно од која политичка партија е градоначалникот, работевме затоа што нашата целна група беа граѓаните на град Скопје“, рече Трајановски и се осврна на проектите кои биле реализирани.
Проширување и реконструкција на ул. „Благоја Стевковски“, проширување и реконструкција на кракот на ул. „Јужноморавски бригади“ кон гробиштата Камник, реконструкција на патот до спортскиот центар Хиподром, изградба на главен фекален колектор во населбите Сингелиќ и Инџиково со кој што се решил проблемот на повеќе од 30.000 жители, се само дел од реализираните проекти, се само дел од реализираните проекти во Гази Баба кои Трајановски ги наброја пред граѓаните.
Решавање на водоснабдувањето во населбите Железара и Автокоманда, изградба на фекален колектор во населбата Маџари, нова фискултурна сала во училиштето Боро Петрушевски, изградбата на паркинг за тешки возила, изградба на автопазар за возила на заобиколницата, пешачки мост во населбите Хиподром и Автокоманда, изградба на влез и излез во населеното место Јурумлери, проект за кружен тек помеу улиците „16-та македонска бригада“ и „Коце Металец“, водоводна линија по бул. „Хрватска“, водоснабдителен систем за Стајковци,  се само дел од проектите содржани во изборната програма 2013-2017, на Тони Трајковски со кои што Коце Трајановски ја побара довербата од граѓаните за нив и за носителите на советничките листи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top