| четврток, 6 декември 2018 |

ДПА бара дводомен парламент и пропорционална распределба на буџетот

DB59A9D8-2DAB-4F9B-B6C3-AEF5D7AC3EA1_mw1024_n_s

Лидерот на ДПА Мендух Тачи на вечерашниот митинг на тетовскиот плоштад рече дека на овие локални избори ДПА ќе победи што ќе овозможи одржување предвремени парламентарни избори на кои партијата ќе бара дводомен парламент и пропорционална распределба на буџетот.

„Албанците 99% треба да гласат против оваа влада и да изберат помеѓу вистината и лагата. Гласот за Беџети ќе биде глас што ќе ги натера на предвременипарламентарни избори на кои ДПА ќе победи. Владата не инветираше ниту еден цент во Тетово и затоа ќе го добие овој резултат ќе загуби со пет спрема нула во општините во тетовско. Прашањата во следниот период ќе се решаваат според нашата програма односно дводомен паралмент и пропорционалана и праведна распределба на буџетот а не со народни пари да се поставуваат било какви споменици во Скопје“, рече Тачи.

Кандидатот за градоначалник на општина Тетово Сади Беџети порача дека градот и натаму ќе има развој и дека веќе го имал решено проблемот со водоснабдувањето и тоа само со општински средства.

„Мрачните лица во ДУИ секогаш размислуваат да му наштетат на Тетово. Тие го заборавија Тетовомногу години, заборавија дека со градот управуваат тетовци и само за избори се сеќаваат на него и неговите граѓани. Вие знаете дека без помош од владата успеавме да го финасираме проектот за водоснабдување на градот само со наши општински средства што тие со години не успеаја да го напрват и покрај потрошените и државни и општински пари. Успеавме Тетово да има постојан развој да инвестираме во сите улици и општинскиот буџет да биде рамномерно распределен за сите“, изјави Беџети.

На митингот свој говор имаа сите кандидати за градоначалници од партијата на Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top