Агенцијата за електронски комуникации најавува измени во Правилникот за квалитет на мрежи со кои се очекува подобрување на квалитетот и намалување на бројот на поплаки од граѓаните.
Во Правилникот меѓу другото ќе се бара од мобилните оператори да овозможат мрежно покривање со мобилен интернет на сите регионални и магистрални патни правци низ државата.
– Воошто не сме задоволни од квалитетот на мрежите на сите три мобилни оператори. Имаме Правилник за квалитет на мрежи кој од вчера е во фаза на менување. Нашето барање ќе биде секаде да има минимум два мегабити во секунда мобилен интернет. Тоа што сега го имаат нашите корисници како искуство е дека може да ги користат услугите од мобилен интерент само во градовите, но не и надвор од градовите. Со новиот правилник ќе наметнеме сите главни патишта да имаат мобилен интернет минимум трета генерација на мобилен интернет, појасни директорот на АЕК – Роберт Ордановски.
Тој додаде дека постојано имаат поплаки од граѓаните за квалитетот на мрежата што ја нудат мобилните оператори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ДИК го усвои Правилникот за начинот и постапката за решавање на приговори
-
Маглава ги стори ВИП невидливи – Цела Македонија нема ниту интернет ниту телефонија
-
Распишан оглас за изградба на секундарна и терцијална гасоводна мрежа
-
Во строгите правила на УЕФА нема отстапки, РБ Лајпциг нема да игра во ЛШ