| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Шпионите во затвор – ново раководство во СДСМ!

„Ма­ке­до­ни­ја е фри­гид­на“, ова е еден од мно­гу­те ста­ри цр­ни би­се­ри на опо­зи­ци­ски­от бом­баш, кој не­у­меш­но алу­ди­ра­ше на евро­ат­лант­ска ин­те­гра­ци­ја. Раз­бир­ли­во, оти до­а­ѓа од ор­га­ни­за­ци­ја ко­ја знае мно­гу за пар­ти­ска­та „се­ксу­ал­ност“ и па­ти од по­ли­тич­ка им­по­тен­ци­ја или ба­рем та­ка во све­тот ја ка­те­го­ри­зи­ра­ат без­и­деј­но­ста. Стев­че Ја­ки­мов­ски, кој, од раз­бир­ли­ви при­чи­ни, на­вре­ме го на­пу­шти бро­дот што то­не, по­ра­чу­ва де­ка шпи­о­ни­те тре­ба да за­вр­шат во за­твор, а СДСМ да до­бие но­во ра­ко­водс­тво

По­ли­тич­ка­та им­по­тен­ци­ја отво­ри ши­рок про­стор за оп­штес­тве­на де­ка­ден­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја. Во свет­ски рам­ки по­и­мот „по­ли­тич­ка им­по­тен­ци­ја“ е поз­нат за пар­тии и за дви­же­ња кои по­ра­ди без­и­деј­но­ста или при­бег­ну­ва­ат кон ко­ри­сте­ње не­кон­вен­ци­о­нал­ни средс­тва или, ед­но­став­но, ка­ко по­ли­тич­ки ди­но­са­у­ру­си – ис­чез­ну­ва­ат од сце­на­та. На­ша­та опо­зи­ци­ја, пак, со­о­че­на со мож­но­ста за за­ми­ну­ва­ње во исто­ри­ја­та, при­бег­на кон пр­ва­та оп­ци­ја, а па­ра­лел­но и не­ми­нов­но со неј­зи­ни­те актив­но­сти, стра­шен за­мав зе­ма искри­ву­ва­ње­то на вред­но­сти­те. Проб­ле­мот е што акте­ри­те во де­ка­дент­на­та при­ка­ска со де­це­нии не се ме­ну­ва­ат. Све­до­ци сме, за нив­на жал, на се­оп­фа­тен атак во кој исти­те ли­ко­ви во се­ир­џи­ски за­нес уди­ра­ат по си­те нор­ми и се­ти­ла, а се­то тоа во рам­ки на не­из­мер­но го­ле­ма­та жел­ба за вра­ќа­ње на ста­ри­те, до­хо­дов­ни по­зи­ции, ба­шка моќ… Акте­ри, но­ви­на­ри, ге­не­ра­ли, пе­јач­ки и ду­зи­на по­ли­ти­кан­ти спло­те­ни во си­ва пле­ја­да на из­гу­сти­ра­ни ли­ко­ви, си­те во­де­ни од ма­кси­ма­та „по нас по­топ!“ жел­ни за па­ту­ва­ње во вре­ме­то ко­га би­ле стра­вот­но до­бро пла­те­ни. И по­ле­ка, нив­но­то си­ви­ло ми­на во цр­ни­ла. Ги спо­ју­ва ед­на ни­шка – и то­гаш и се­га ра­бо­тат, т.е. одра­бо­ту­ва­ат за ед­на иста ка­у­за и пар­ти­ја. А, ве­ру­ва­ле или не, но „ре­жи­мот“ ги то­ле­ри­ра и то­ле­ри­ра. Мил­чин во мо­мен­тов ре­жи­ра прет­ста­ва во Те­а­та­рот за де­ца и мла­ди, акте­ри­те си­те да ти би­ле со­вет­ни­ци по оп­шти­ни­те, дел и пра­те­ни­ци, по­ли­ти­кан­ти­те пра­ват ми­ли­он­ски биз­ни­си, а дру­ги­те, пак, удоб­но си ег­зи­сти­ра­ат на гра­да­та на Мил­чин, или Со­рос бе­ше. Ми­на ре­чи­си ед­на де­це­ни­ја од нив­но­то вла­де­е­ње со ме­ди­у­ми­те, те­а­три­те, ин­сти­ту­ци­и­те и др­жа­ва­та, а по­топ не­ма­ше, па гнев­ни­те са­мо­за­мис­ле­ни ос­но­во­по­лож­ни­ци на сѐ во Ма­ке­до­ни­ја се ре­ши­ја да ста­нат „до­дол­ци“ и са­ми со ау­ди­ос­ним­ки да го по­ви­ка­ат дож­дот, кој тре­ба­ше да го до­не­се кра­јот. А, „ре­жи­мот“ ги тр­пи и тр­пи. Еден при­ја­тел Евре­ин, факт што да­ва уште по­го­ле­ма те­жи­на по­ра­ди гор­ко­то искус­тво на не­го­ви­от на­род со по­и­мот за ре­жим, по­ве­ден од се­којд­нев­ни­от опо­зи­ци­ски во­ка­бу­лар, уште одам­на ми ре­че: „Аман. Не­ка смис­лат не­што но­во, а не се­кој ден со тоа „ре­жим“! Де­не­ска за ре­жи­мот, утре пак исто, за­ду­тре, па след­ни­от ме­сец и в го­ди­на. Ви­стин­ски­от ре­жим не функ­ци­о­ни­ра та­ка. Та­му – де­не­ска збо­ру­ваш за ре­жи­мот, а утре ве­ќе те не­ма!!!“

 

analiza134-2-2

Ја­ки­мов­ски: Шпи­о­ни­те во за­твор – но­во ра­ко­водс­тво во СДСМ!

Ди­стан­ци­ра­ње­то на Цр­вен­ков­ски и на оста­на­ти­от дел од „бран­ко­ви­сти­те“, ка­ко и на Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски, од За­ев е до­бар по­ка­за­тел за нив­но­то мис­ле­ње де­ка тој ќе би­де „жр­тва­та“ на сопс­тве­ни­те бом­ба­шки по­хо­ди, ве­ли ли­де­рот на ГРОМ и гра­до­на­чал­ник на Кар­пош, Стев­че Ја­ки­мов­ски. „Гре­шка­та“ во пу­шта­ње­то на раз­го­во­рот за па­за­рот на БЦ – Цен­тар за Кар­пош – за не­го е јас­на по­ра­ка од За­ев до не­го­ви­от по­ли­тич­ки гу­ру: „Или ќе мол­чиш или и ти ќе го­риш!“ Прог­но­зи­ра за­твор за „шпи­о­ни­те“ и но­во ра­ко­водс­тво на СДСМ.

На ед­на од опо­зи­ци­ски­те прес-кон­фе­рен­ции про­те­че ин­фор­ма­ци­ја де­ка по­ра­неш­ни­от пре­тсе­да­тел на СДСМ, Бран­ко Цр­вен­ков­ски, ди­рект­но се „па­за­рел“ про­тив Вас со ВМРО-ДПМНЕ. Што тол­ку сте му згре­ши­ле на Цр­вен­ков­ски?
ЈА­КИ­МОВ­СКИ: Всуш­ност, на Бран­ко Цр­вен­ков­ски тоа му е дел од ка­ра­кте­рот, при што се за­мис­лу­ва де­ка е го­лем итро­ман кој мо­же да пра­ви не­воз­мож­ни ми­сии. Но, овој пат, се зап­ле­тка во сопс­тве­ни­те итро­шти­ни и прв­пат на­и­де на парт­нер ра­мен на не­го и кој мо­же да пов­ле­че ви­стин­ски по­тег во ви­стин­ско вре­ме. Мо­јот раз­го­вор со Ми­јал­ков тие го тол­ку­ва­ат ка­ко пре­дав­ство, а раз­го­во­рот на Цр­вен­ков­ски, со исти­от прет­став­ник од ВМРО-ДПМНЕ на „за­ма­е­ни­те“ чле­но­ви од СДСМ им изг­ле­да ка­ко нор­мал­на по­ја­ва за­тоа што тоа го пра­вел Бран­ко, а не­му сѐ му е доз­во­ле­но и сѐ му е про­сте­но. Епа, не­ка из­ви­ни!

Ка­ко го тол­ку­ва­те овој мо­мент на „гре­шка“, по­втор­но да­ва­ње ве­тер во едра за јав­но­ста и фин­ги­ра­ње си­ту­а­ци­ја во ко­ја За­ев се прес­ме­ту­ва со Цр­вен­ков­ски, или ре­а­лен су­дир ме­ѓу две­те фрак­ции – бран­ко­ви­сти нас­пре­ма за­е­ви­сти во пар­ти­ја­та?
ЈА­КИ­МОВ­СКИ: Пог­лед­не­те до­бро: си­те што раз­би­ра­ат по­ли­ти­ка се на­стра­на од За­ев. Љуп­чо Ге­ор­ги­ев­ски во оваа при­каз­на бе­ше са­мо три де­на, се­га е то­тал­но на стра­на. Цр­вен­ков­ски исто та­ка. Мо­же ли не­кој да ка­же де­ка Игор Ива­нов­ски, Ја­ни Ма­кра­ду­ли, На­та­ша Са­во­ва, Еми­ли­јан Стан­ко­виќ и Вес­на Бен­дев­ска не раз­би­ра­ат по­ли­ти­ка?! Си­те тие зна­ат де­ка но­ви­от „Бо­шко Бу­ха“ ќе по­ги­не од сопс­тве­ни­те шрап­не­ли. За­тоа го оста­ва­ат да то­не сѐ под­ла­бо­ко. Мол­кот на вна­тре­пар­ти­ска­та опо­зи­ци­ја во СДСМ го пре­кр­ши­ја Ан­дреј Пе­тров и Ва­ско Ефтов, ка­ко до­ка­жа­ни „бран­ко­ви­сти“. По­тоа по­ра­ка­та од Зо­ран За­ев до Цр­вен­ков­ски бе­ше јас­на: или ќе мол­чиш или и ти ќе го­риш!

analiza134-2-3

Се­пак, ин­фор­ма­ци­ја­та за Цр­вен­ков­ски бе­ше пре­зен­ти­ра­на на прес-кон­фе­рен­ци­ја на ко­ја, прв­пат и над­вор од во­о­би­ча­е­на­та ше­ма, ма­те­ри­ја­ли­те ги пре­зен­ти­ра­ше Ан­дреј Жер­нов­ски, а не За­ев. Имај­ќи ги пред­вид двор­ски­те игри на по­ра­неш­на Би­ха­ќка, са­ка­ше ли За­ев та­ка да се ам­не­сти­ра од од­го­вор­но­ста за ја­вен су­дир ток­му со чо­ве­кот кој го ам­не­сти­ра­ше ка­ко пре­тсе­да­тел на др­жа­ва­та?
ЈА­КИ­МОВ­СКИ: Да! Ова бе­ше не­вешт обид на За­ев за кон­тра на Цр­вен­ков­ски, а го иско­ри­сти Жер­нов­ски, кој, ку­три­от, ја оди­гра вал­ка­на­та игра пре­сре­ќен што му да­ле го­вор­ни­ца за­тоа што ја за­гу­би пар­ти­ска­та ( за да и тој би­де „ин“, а не „аут“). Ве­ро­јат­но, за­тоа утре­ден­та се ва­де­ше ка­ко „ми­нус пред за­гра­да“, слич­но ка­ко Ам­ди Ба­јрам што се ва­де­ше за Ро­ми­те, де­ка без Бран­ко не­ма да мо­же да по­бе­ди.

Не ли е по­ло­гич­но, ако по­сто­ел су­дир со За­ев по­ра­ди уни­шту­ва­ње на „от­пор­нич­ка­та“ при­ка­ска на БЦ, Цр­вен­ков­ски да ѝ по­ну­ди на ВМРО-ДПМНЕ па­зар со Стру­ми­ца, а не со Цен­тар, исто­вре­ме­но за воз­врат, со гла­со­ви­те на про­тив­нич­ки­от та­бор „дис­цип­ли­ни­рај­ќи“ ве и Вас?
ЈА­КИ­МОВ­СКИ: Е тоа е не­и­скре­но­ста што во ду­ша ја но­сат сдсмов­ски­те по­ли­ти­ча­ри. Пр­во му ја да­ва­ат под­др­шка­та на Жер­нов­ски, а зад грб му ра­бо­тат за не­гов по­раз, ка­ко што це­ло вре­ме ме­не ми ра­бо­теа во град­ска­та ор­га­ни­за­ци­ја на СДСМ. Е јас не им се да­дов!

Лич­но го по­ви­ка­вте За­ев да ги обе­ло­де­ни раз­го­во­ри­те со Вас од тој пер­и­од. Што со­др­жат тие раз­го­во­ри?
ЈА­КИ­МОВ­СКИ: Јас точ­но знам што со­др­жат тие раз­го­во­ри. Се­га не­му му е ред, ако е тол­ку транс­па­рен­тен и че­сен, да ги об­ја­ви во це­лост, па и не­го­во­то членс­тво да ви­ди што нив­ни­от ли­дер мис­ли за СДСМ, за пар­ти­ски­те ко­ле­ги и за Цр­вен­ков­ски, ка­ко и тоа што сѐ е под­го­твен да пре­зе­ме.

Ви­сти­на или уште ед­на ком­про­ми­ти­ра­на и фин­ги­ра­на сним­ка, но ва­ка из­ле­гу­ва де­ка СДСМ ди­рект­но учес­тву­вал во из­бор­ни не­ре­гу­лар­но­сти, па­за­реј­ќи се за гла­со­ви и со гла­со­ви, уни­шту­вај­ќи ги се­гаш­ни­те сопс­тве­ни глав­ни „аду­ти“ во игра­та. Ка­ко поз­на­вач на вна­треш­ни­те со­стој­би во оваа пар­ти­ја, од ка­де им на „др­жа­во­твор­ци­те“ та­кви ши­ро­ки поз­на­ва­ња за из­бор­ни игри и ма­ни­пу­ла­ции?
ЈА­КИ­МОВ­СКИ: Ха,ха,ха! Па, во 1994 го­ди­на зо­што во вто­ри­от круг се отка­жаа ВМРО-ДПМНЕ и Де­мо­крат­ска­та пар­ти­ја? По­ра­ди из­бор­ни­от фал­си­фи­кат! Све­док сум што се слу­чи во Кар­пош во 1996 го­ди­на и ка­ко по­бе­ди Са­шо Куз­ма­нов­ски. Се се­ќа­ва­те на штрај­ко­ви­те пред Оп­шти­на Кар­пош на Пе­тар Го­шев и на ВМРО-ДПМНЕ по­ра­ди из­бор­ни­от фал­си­фи­кат во Кар­пош, а по­доц­на са­ми­те фал­си­фи­ка­то­ри на вој­нич­ки­те и гла­со­ви­те на за­тво­ре­ни­ци­те јав­но ка­жу­ва­ат ка­ко е из­ве­де­на тех­ни­ка­та на таа зло­у­по­тре­ба.

Кои се Ва­ши­те оче­ку­ва­ња за раз­вр­ска на оваа по­ли­тич­ка си­ту­а­ци­ја? 
ЈА­КИ­МОВ­СКИ: Шпи­о­ни­те, на­ред­бо­дав­ци­те и нив­ни­те со­ра­бот­ни­ци тре­ба да одат во за­твор. Се раз­би­ра, во транс­па­рент­на суд­ска по­стап­ка и да има мо­рал­но по­ли­тич­ка од­го­вор­ност кај акте­ри­те. Оче­ку­вам нов кон­грес на СДСМ и но­во ра­ко­водс­тво.

 

analiza134-2-4

Че­тво­ри­ца­та jа­ва­чи на ма­ке­дон­ска­та сов­ре­ме­на апо­ка­лип­са

Опо­зи­ци­ски­те бе­ли тре­та го­ди­на по ред се пред­вес­ни­ци на ма­ке­дон­ска­та про­лет. Два­па­ти во уло­га на по­ли­тич­ко­то ко­ки­че бе­ше бој­ко­тот – ед­наш на из­бо­ри­те во 2013 го­ди­на, втор­пат на из­бор­ни­те ре­зул­та­ти во 2014 го­ди­на, а во 2015 го­ди­на се нив­ни­те „бом­би.“ Всуш­ност, фин­ги­ра­но­ста и мон­та­жа­та ги спо­ју­ва си­те три цр­ни ко­ки­чи­ња, а рас­ад­ни­кот се­ко­гаш е се­ди­ште­то на Па­вел Ша­тев, овој пат ге­нет­ски му­ти­ра­но со ин­тер­вен­ци­ја­та на ед­на сѐ уште не­поз­на­та, „при­ја­тел­ска“ за­пад­на др­жа­ва, мно­гу „за­гри­же­на“ за ид­ни­на­та на Ма­ке­до­ни­ја.

Ли­ко­ви­те, пак, на че­тво­ри­ца­та ја­ва­чи на ма­ке­дон­ска­та апо­ка­лип­са, ко­ја це­ли да ја вра­ти зем­ја­та да­ле­ку во ми­на­то­то, и еко­ном­ски и по­ли­тич­ки, одам­на ѝ се поз­на­ти на на­ша­та јав­ност. Два­та ли­ка ѝ при­па­ѓа­ат на вр­ху­шка­та на СДСМ, тре­ти­от е Со­рос и не­го­ви­те гнев­ни из­вр­ши­те­ли, а че­твр­ти­от, кој е и пред­вод­ни­кот на при­ка­ска­та, е скри­ен во си­ва­та еми­нен­ци­ја на стран­ски­от фа­ктор. Тој, кој и да е, се­којд­нев­но ги трие ра­це­те, во­о­ду­ше­вен од ефе­ктот на по­стро­е­ни­те пу­ле­ни. Проб­ле­мот е што дел од ја­ва­чи­те, всуш­ност, се вле­чу­ги и без­р­бет­ни­ци, кои скри­е­ни зад пре­ве­зот на бо­жем­на­та бор­ба за де­мо­кра­ти­ја без­душ­но ја уни­шту­ва­ат ид­ни­на­та на сопс­тве­ни­от на­род. Им се прик­лу­чи­ја си­те не­за­до­вол­ни­ци, сто­ти­ци нес­по­соб­ни че­да из­не­дре­ни од па­зу­ви­те на тран­зи­ци­ја­та, кои по­сто­ја­но, низ ку­са­та исто­ри­ја од не­за­вис­но­ста, па сѐ до де­не­ска ја има­ат неб­ла­го­дар­на­та, но до­бро пла­те­на уло­га на уна­за­ду­ва­ње. Пре­ки­ну­ва­чот е мно­гу ед­но­ста­вен. Овие „зас­па­ни“ зом­би-кре­а­ту­ри се бу­дат се­ко­гаш ко­га во др­жа­ва­та ќе се слуш­не збо­рот „на­пре­док“, кла­си­чен де­то­на­тор на нив­но­то бом­ба­стич­но акти­ви­ра­ње. Во оваа ша­ре­на гру­па­ци­ја, скру­пу­ли­те се нај­го­ле­ма­та ма­на што не­кој мо­же да ја по­се­ду­ва. Слу­чај­но­ста во све­тот се тол­ку­ва ка­ко бож­ја ра­ка, во Ма­ке­до­ни­ја, пак, „слу­чај­но­сти­те“ се кон­тро­ли­ра­ни од ед­на дру­га и сѐ са­мо не бож­ја ра­ка. Не тол­ку одам­на, во 2001 го­ди­на, афе­ра­та „Го­ле­мо­то уво“ му прет­хо­де­ше на конф­ли­ктот, „слу­чај­но“ во вре­ме ко­га др­жа­ва­та поч­на да пре­зен­ти­ра се­ри­о­зен еко­ном­ски на­пре­док. Се­га, „Стран­ско­то уво“ се по­ја­ви во ед­на слич­на кон­сте­ла­ци­ја, во вре­ме ко­га Ма­ке­до­ни­ја е ли­дер во еко­ном­ски­те ре­фор­ми во ре­ги­о­нот. Ви­стин­ски­от еко­ном­ски бе­не­фит што­ту­ку тре­ба да поч­не да се чув­ству­ва, а не­ко­му, очиг­лед­но, не му од­го­ва­ра ста­бил­но­ста за ова пар­че зем­ја и овој на­род. Ви­стин­ски­от проб­лем се ја­ву­ва во иден­ти­фи­ка­ци­ја­та на по­тек­ло­то на ра­ка­та ко­ја ра­ко­во­ди со си­те гна­со­ти­ла­ци, а проб­лем­ски­от по­дем се раз­ви­ва про­пор­ци­о­нал­но со гне­вот на не­за­мен­ли­ви­те ста­ти­сти. Ба­рем да имаа епи­зод­ни уло­ги, не­ли. ФАКТ е де­ка не­кои ра­бо­ти во жи­во­тот не се ме­ну­ва­ат, но ова со не­про­мен­ли­во­ста на „веч­ни­те“ ли­ко­ви, се­пак, е и „ФАК“ и факт…

 

(Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 134. број на неделникот „Република“, 27.03.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top