Манчестер јунајтед многу лесно би можел ова лето да добие уште едно холандско засилување.
Англиските медиуми од утринава известуваат дека менаџерот на „црвените ѓаволи“, Луис ван Гал, ги почнал преговорите со искусниот играч од средината на теренот и играч на Милан, Најџел де Јонг.
Договорот на Де Јонг со Милан истекува ова лето и, по сѐ изгледа, тој нема намера да го продолжи бидејќи на негова адреса пристигнаа безброј понуди.
Сепак, наблиску до фудбалерот, се чини, е Манчестер јунајтед бидејќи неговиот менџер сака да го види во своите редови. Де Јонг бара четири милиони фунти годишно, што не би преставувало проблем за Јунајтед бидејќи нема потреба да плати никаква откупна клаузула.
Луверпул е вториот клуб од Англија шео сака да го доведе во своите редови, па се чини дека ова лето битката за Де Јонг ќе биде голема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.