Серена Вилијамс доби торта на турнирот во Ки Бискејн, а судбината сакаше да ја забележи 700. победа во кариерата, на еден од нејзините омилени турнири.
Црномурестата тенисерка живее во близина на тенискиот комплекс каде се игра турнирот од мастерс серијата 100 во Мајами, а ноќеска ја елиминира Сабине Лисицки во три сета и ја забележа 700. победа во кариерата.
„Ме изненадија со тортата. Знаев дека не ми е роденден, а воопшто и не знаев дека ова ми е победата број 700. Не играв добро, но најважно е дека победив“, изјави Серена.
Таа има биланс од 700-120 и е само осмата тенисерка во модерната ера на тенисот што забележала 700 или повеќе победи. На Ки Бискејн ова и е 16. победа во низа и атакува на хет-трик, односно на трета титула по ред. Следна противничка на патот кон нова круна во Мајами ќе и биде Симона Халеп, тенисерка што го освои претходниот турнир во Индијан Велс. Во второто полуфинале ќе играат Карла Суарез Наваро и Андреа Петковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.