Според најновиот извештај на Обединетите нации, повеќе од 25.000 странски борци од повеќе од 100 земји им се придружиле на Ал Каеда, на војската на Исламска држава и на другите борбени фракции од Ирак и Сирија, до Авганистан, Либија и Филипини.
Извештајот на одборот на стручњаци за надзор на санкциите на ОН против Ал Каеида, што вчера беш доставен во американските медиуми, укажува дека бројот на странски терористички борци низ светот од средината на 2014 година до март годинава нараснал за 71 отсто.
Одборот укажа дека приливот на странски борци „е поголем отколку кога било во историјата“.
Во извештајот се наведува дека овие борци и нивната мрежа „претставуваат непосредна и долгорочна закана“ и „ургентен светски безбедносен проблем“ што треба да се решава на многу фронтови, пренесува агенцијата Фена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.