Амандин Лејно, ќе биде една од клучните алки на Вардар во четвртфиналната битка со европскиот првак Ѓер, а голманите на двете страни ќе треба да внимаваат и да примат што помалку голови за успех и пласман на Ф4 турнирот. Франузинаката есвесна колку е значајно „црвено-црните“ да слават на задутрешниот меч со Ѓер и со предност да отпатуваат за Унгарија, на еден од најжешките ракометни терени во Европа. Според неа клуч во одбраната мора да биде запирањето на Норвежанката Локе, која е извонредна на позицијата пивот и сигурно ќе им создаде огромни проблеми на „црвено-црните“.
„Најтешко ќе ни биде да играме таму затоа што во Ѓер животот е ракомет и кога играат дома тие се многу добри. Затоа мора да ја завршиме работата тука, да си помогнеме, па во Ѓер да заминеме со предност и со чисти глави. Што се однесува до ракометарките, мислам дека најопасна е Германката која шутира со лева рака, Сузан Милер и секако, пивотот Локе. Таа е сѐ уште е најдобра на светот, ако не постигне гол сигурно предизвикува пенал или исклучување и затоа ќе биде голема задача за целиот тим, се надевам ќе ја затвориме“, изјави Лејно за официјалната веб-страница на ЖРК Вардар.
Натпреварот ќе се игра во сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.