Српскиот премиер Александар Вучиќ синоќа оцени дека палењето на хрватското знаме од страна на обвинетиот за воени злосторства Воислав Шешељ е лоша слика што е испратена од Белград и повика на смирување на страстите, односно најави дека телефонски ќе разговора со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ за да ги повикаат членовите на двете влади на разумно однесување.
Хашкиот притвореник и лидер на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, вчера пред белградската Палата на правдата го запали хрватското знаме изјавувајќи дека сака да испрати одговор до „хрватската усташка држава“ на барањата на хрватските функционери тој да се врати во хашкиот притвор.
-Сликите што денеска ги испративме, сликите на палење на знамето, се лоши слики што доаѓаат од Белград и тоа што ние ќе кажеме дека тоа нема врска со државата – а нема, и тоа што ќе го кажеме дека тоа го работеле претставници на вонпарламентарна партија, нема многу да придонесат за нашиот подобар или поинаков углед – рече Вучиќ за Радиотелевизија Србија во директното вклучување од Братислава, каде ја предводи српската делегација во службена посета.
Хрватско Министерство за надворешни и европски работи заради инциднетот упати остар протест до вршителот на работите српски амбасадор во Хрватска, Боса Продановиќ, а хрватскиот амбасадор во Србија Гордан Маркотиќ ќе биде повикан на консулатции во Загреб.
Вучиќ најави дека, штом се врати во Белград, телефонски ќе разговара со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ.
-Наша работа е да се обидеме да внесеме мир, расудување и разум. Тоа е важно и заради Србите кои живеат во Хрватска и заради нашите идни односи. Штом се вратам од Словачка телефонски ќе го повикам претседателот на хрватската Влада, господинот Милановиќ, а дали тој ќе сака да разговара или не, тоа е друга работа – но јас секако ќе го повикам. Мислам дека Хрватска и Србија неспоредливо подобро треба да соработуваат – рече Вучиќ.
Вучиќ изјави дека Србија од своја страна „ ќе запре секаква реторика која и натаму ќе ги распалува лоши страсти“.
-Од друга страна ќе го замолам и премиерот Милановиќ и членовите на хрватската Влада да покажат малку поголемо почитување кон Србија. А што се однесува до нашето почитување кон Хрватска – ќе го имаат. Мислам дека тоа ќе биде јасен сигнал дека сакаме да ги градиме, и нашите односи да бидат неспоредливо подобри – рече премиерот Вучиќ и порача дека не треба секогаш прво да се гледа во туѓиот двор.
-За нас е важно да се обидеме да бидеме одговорни, да не гледаме секогаш прво во туѓиот двор отколку во својот. Нам ни е потребна стабилност, на Србија тоа денеска и е поважно од кога било – рече Вучиќ за РТС.
Српскиот премиер во текот на синоќешниот разговор за РТС директно од Братисалва ниту еднаш не го изговори името на хашкиот обвинет лидер на Српската радикална партија Воислав Шешељ.
Заради овој инцидет Вишото обвинителство во Белград денеска отвори кривична постапка против Шешељ, на што тој возврати дека ова вест го радува и дека со нетрпение го очекува почетокот на судсиот процес.
На Шешељ вчера му беше врачена одлуката на Хашкиот суд дека треба да се врати во притвор од привремената слобода од која беше пуштен во декември 2014 година заради лоша здравствена состојба, а тој на новинарите им потврди дека нема добвороволно да отпатува во Ден Хаг, туку српските власти ќе мораат да го уапсат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста