Од 16 до 18 април членови на Друштвото на писателите на Македонија ќе учествуваат во кампањата за поддршка на литературата за деца за која интересот е се помал. ДПМ оценува дека ваквата неповолна ситуација зависи од повеќе фактори, меѓу кои од издавачите, списанијата, библиотеките, но и од самите автори, со оглед на фактот дека има се помалку писатели од поновите генерации кои се јавуваат со дела во оваа област.
На 16 април во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи трибина на тема „Актуелни аспекти на литературата за деца“ на која воведничари ќе бидат д-р Атанас Николовски, д-р Елица Николовска и Стојан Тарапуза, координатор на клубот на писателите за деца при ДПМ „Ванчо Николески“. На трибината ќе земат учество и наставници по македонски јазик во основните училишта, автори и читатели.
На 17 април Поетскиот караван на ДПМ ќе гостува на Републичкиот детски фестивал „Ракатки“ што, веќе една деценија, го води познатата авторка, членка на македонската писателска асоцијација Славка Арсова. На средбата во Домот на хуманитарни организации „Даре Џабаз“ ќе настапат писателите за деца: Драгица Најческа, Есад Бајрам, Стојан Тарапуза, Косара Гочкова и Александар Кујунџиски. На 18 април учесниците на Републичкиот фестивал на детското литературно творештво „Ракатки“, пионери од повеќе градови на Македонија, во ДПМ ќе имаат разговор со група познати автори во доменот на детската литература.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија