Владимир, Маја и Андреја Блажев, неодамна му посакаа добредојде во семејството на новиот член. Марјан е второто дете на Панчо и неговата сопруга, а возбудениот татко вели него му е чудно исто како и првиот пат.
– Ми треба време да го прифатам како член на фамилија. Мајката е друго, таткото сосема друго . Тука сум да помогнам за сѐ, ама сум пипав во рацете , а згора на тоа и плашлив за оние работи од типот: пелени, бањање, хранење…Маја се снаоѓа супер, веќе се и е неа спонтано, така што сума сумарум и фала богу, сѐ е добро – вели Панчо за „Република“.
Во улогата на голем брат, пак, одлично се снаоѓа четиригодишниот Андреја.
– Одлично го прифати новото братче. Му пее за да го заспие, ѝ помага на мајка му, слуша кога треба да невика и да нетропа. Андреј е шампион! – вели Панчо.
Диџеј Шорти вели дека засега не планираат трето дете.
– Сега засега немаме такви амбиции, башка ке ја заштедиме владата и буџетот од давачки за трето дете – се смее тој.
Новата песна на „ДНК“, „Најмила“ е одлично прифатена од публиката, посебно видеоспотот во кој покрај Панчо и Андреј, главната улога ја има Катарина Ивановска.
– Драго ми е што „Најмила“ е прифатена од одма . Впрочем и тоа е подарок за сите припаднички на понежниот пол и една тема која мислам дека е прифатлива буквално за сите . Спотот е приказна за себе и благодарение на „Томато“ и Бане Поповиќ испадна да е буквало сплотена со песната – вели Панчо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Го застрелал својот син стар шест месеци: Мотивот за убиството ќе ве шокира!
-
Северина ја загуби битката за синот: Александар ќе живее со Милан
-
Син на политичар се врзал со лисици за девојката и скокнал од покрив на зграда – трагедија ја постресе Русија