| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос на Павел Шатев: СДСМ удри и по новинарите кои ги плаќа преку СОРОС (ВИДЕО)

Доколку се обидете да поставите прашање на прес-конференциите на СДСМ а тоа не му се допадне на членството кое таму доаѓа и се однесува како на улица, можно е од прес салата да излезете во болнички кревет. Очајната и крајно недемократска атмосфера денеска ја почувствуваа и новинарите кои работат во медиумите финансирани од СОРОС.

Zaev bomba 3 9 (Custom)
Новинарката на Фокус, Мери Јордановска  денеска на своја кожа почувствува како е кога ќе се постави прашање кое членовите на СДСМ сметаат дека не смее да биде поставено. За оваа таа самата реагираше на социјалните мрежи.

meri

„Никогаш не мислев дека ќе се согласам со Нетпрес и Курир – дека секое прашање на прес конференцијата на Заев, кое е провокативно наидува на исмевање од членството. Да не треба случајно секогаш и во се да му изразуваме поддршка?
Ако реакциите кон прашањата што не им одат во прилог се такви, тогаш легитимно е прашањето, по што се разликуваат едните од другите кога станува збор за третман кон новинарите“ – напиша Јордановска на Фејсбук.

goce

dr

Поддршката за неа стигна и од останатите колеги новинари. Поддршка и даде главниот уредник на 24 вести Сеад Ризвановиќ, новинарот на Нова Македонија Гоце Трпковски но и новинарката на соросвата Нова ТВ Сашка Цветковска.

Но за разлика од новинарите членството на СДСМ не мисли така. Според нив,  нормално е новинарите да бидат исвиркувани и исмевани кога ќе постават прашање кое ним не им се допаѓа.

saska

Интересно, но токму новинарките Јордановска и Цветковска на последната прес конференција на премиерот Груевски поставија серија прашања кои можеа да се карактеризираат како провокативни, но никој од присутните (кои за волја на вистината беа само новинари) не се исмеваше со нивните прашања. За разлика од членовите на СДСМ, новинарите добро го знаат правилото дека не постојат глупави прашања туку само глупави одговори.

Пресс24 во повеќе наврати пишуваше дека на прес конфернециите на СДСМ личат на се само не на место каде што новинарите можат нормално да работат. Голем број новинари се на мета на сериозни закани по нивната безбедност од членовите на СДСМ. Новинарки на одредени медиуми се жалат дека биле влечени и удирани од членството на СДСМ, а Заев иако вети, сепак не успеа да овозможи простор за нормална работа на новинарите.

За овие случаи Здружението на новинари на Македонија мудро молчи.

Меѓу новинарите со право се коментира дека СДСМ само ги користи новинарите на кои им плаќа преку СОРОС за да прикаже некакви си соработка со нив. На сите им е јасно дека опозицијата е далеку од нивото на кое сака да се прикаже. Според нив, кога тие им се закануваат и ги омаловажуваат новинарите на кои им плаќаат преку СОРОС кога се во опозиција, замислете што ќе им прават на новинарите кои се критички настроени кон нив кога ќе дојдат на власт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top