Турската армија соопшти дека денеска во близина на Хатај уапсила девет британски државјани под сомнение дека сакале да ја преминат сириската граница за да им се придружат на џихадистите од Исламска држава.
Турската армија не го открива идентитетот на уапсените лица.
Соопштението за апсењето е во момент додека турските власти, од втората половина на март, трагаат по десетина британски суденти по медицина со суданско потекло, кои се осомничени дека сакала да станат лекари на ИД во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


