| четврток, 6 декември 2018 |

Словенечката министерка за образование обвинета за плагијат

На новата словенечка министерка за образование Клаудија Маркеж може да и биде одземена магистерската титула откако комисија утврди дека 37 проценти од магистерскиот труд се совпаѓа со дело кое не е посочено во библиографијата.

Mаркеж магистрирала во 2005 година, кога не била воведена антиплагијаторската програма.

Таа се уште нема одговорено на обвинувањата за плагијат, а не се изјасни ниту премиерот Миро Церер.

Аферата со Маркеж изби кога е под знак прашалник останувањето на министерот за  одбрана Јанко Вебер во Владата.

Вебер, кој е од редовите на социјалдемократите се изјасни против продажба на Телеком Словенија и издаде наредба военото разузнавање да ги анализира штетните последици од приватизацијата за државната безбедност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top