| четврток, 6 декември 2018 |

Евровизија: Шведска ја обвинува Хрватска за плагијат

Земјата домаќин на годинешното евровизиско шоу, Шведска, ја обвинува хрватска претставничка Нина Краљиќ и песната „Lighthouse“, дека премногу е слична со хитот „Uncover“ на нивната Зара Ларсон – односно дека станува збор за типичен плагијат.

D932F1B1DD110E4385CB694C578C096A

Музичкиот хрватски адут одлично се котира во обложувалниците и многумина на песната и предвидуваат високо место на табелата.

-Непријатно не изненади и разочара информацијата за преседанот кој го направи Хрватската радио-телевизија. По 60 години, Хрватска на ’Евровизија’ нема да се натпреварува со хрватска песна, туку со песна на странски автори, со што сосема ја потцени хрватската музичка сцена – реагираше здружението на хрватски автори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top