| четврток, 6 декември 2018 |

Избегнат судир на два авиони над Индискиот Океан

судир

Авиони на компаниите „Емиратс Ерлајнс“ од Дубаи и „Етихад Ервејс“ од Абу Даби за малку избегнале судир над Индискиот Океан.

Двата авиони летале во спротивни правци на релација меѓу Обединетите Арапски Емирати и Сејшелските Острови при што дошле премногу близу еден до друг.

Компанијата „Емиратс“ соопшти дека нивниот авион на летот ЕК709 на враќање кон Дубаи имал инцидент во зоната на контрола на воздушниот сообраќај на аеродромот во индискиот град Мумбај.

Авикомпанијата информира дека за инцидентот ги информирала надлежните власти и дека изработила извештај за безбедноста во возухот што ќе им биде доставен на истражните органи во Индија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top