Претстојниот, 68. Филмски фестивал во Кан ќе ја претстави својата нова програма која е посветена на жената во филмот и ќе бидат доделени две награди.
Програмата е наречена „Жени во движење“ и е во соработка со француската компанија за луксузна стола „Керинг“. Од почетокот на фестивалот, само една режисерка успеала да освои „Златна палма“ – Австралијката Џејн Кемпион за филмот „Пијано“ во 1993 година.
Организаторите на овој фестивал многу често се обвинувани за сексизам и токму поради тоа тие сега ќе се обидат да ги ублажат полемиките со оваа програма која има за цел да го истакне и да го награди придонесот на жената во седмата уметност.
Фестивалот ќе се одржи од 13. до 23 мај и на програмата ќе се одржат неколку разговори на тема местото на жената во кинематографијата, нејзината застапеност во професијата, како и женскиот пристап во нарацијата и снимањето. По тој повод ќе бидат доделени две награди – една на која ќе ѝ биде одадено признание на некоја од истакнатите личности на филмската индустрија која значително придонела за промоција на жената, а другата награда ќе ѝ биде врачена на некоја млада режисерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фантастичен прием на „Дивата круша“ на Нури Бигле Џејлан на Канскиот филмски фестивал
-
Јапонецот Хироказу Коре- Еда е годинашниот добитник на „Златната палма“ во Кан
-
Агенцијата за филм во Кан потпиша неколку договори за регионална и европска соработка
-
Македонија како дестинација за снимање филмови се промовира во „Холивуд репортер“



