| четврток, 6 декември 2018 |

Голем пех за Баерн Минхен, Алаба ја заврши сезоната

Голем пех за Баерн Минхен, секако уште поголем за Давид Алаба е повредата на австрискиот репрезентативец на мечот со Босна и Херцеговина, поради која играчот од средниот ред предвреме ја завршува сезоната.

Алаба ги скина лигаментите на левото колено и ќе мора да мирува речиси два месеци. Баерн е на прагот да ја одбрани титулата во Бундеслигата, но хендикепот со неиграњето на Алаба може да се почуствува во завршницата на Лигата на шампионите. Баварците ќе играат четвртфинален двомеч со Порто, а одличниот црномурест играч нема да може да помогне.

Алаба сезонава веќе пропушти два месеци поради слична повреда.

alab

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top