| четврток, 6 декември 2018 |

Триесет и една исламистичка група ја поддржуваат Исламската држава

ид

Дваесет и едно џихадистичко движење во светот се заколнале на верност кон лидерот на Исламска држава Абу Омар ал Багдади, а уште шест ја поддржуваат, се вели во список на американскиот центар за набљудување на екстремистички организации ИнтелСентар.

Други десет организации според Центарот изразиле поддршка за Исламска држава без да се заколнат на верност кон лидерот Ал Багдади.

Во списокот се движења со различна бројност и влијание.

Над 22.000 странци од околу 100 држави во светот учествуваат директно во акциите на терористичката мрежа Ал Каеда и Исламска држава во Сирија и Ирак, објави Ал Џезира.

Телевизијата цитира податоци од извештај на специјална комисија на ОН.

Над 22.000 странци војуваат за екстремистите во Сирија и Ирак, околу 6500 странци војуваат во Авганистан, а уште стотици исламисти од различни држави учествуваат во борби во Јемен, Либија, Пакистан и Сомалија, додава Ал Џазира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top