| четврток, 6 декември 2018 |

Нови тротоари во Горно Лисиче

urbanizacijata

Општина Аеродром со цел да се урбанизира руралниот дел веднаш по локалните избори ќе почне со изградба на нови тротоари на 10 улици во Горно Лисиче.

Станува збор за улиците Тодор Чангов, Ѓорѓи Капчев, Благоја Мучето, Васил Ѓуровиќ, Божин Николов, Горноврановска, Лисец, главната улица што се протега од Февруарски поход до Усјански канал и други улици во Горно Лисиче, како и улица 1 во Долно Лисиче.

Како што истакна градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, покрај овие улици ќе се градат тротоарите, кои потоа ќе бидат целосно осветлени.

-Вкупната површина на новите тротоари во Горно и Долно Лисиче ќе изнесува речиси 14.000 метри квадратни, а должината околу 9 километри. Новите тротоари ќе им овозможат на граѓаните да се движат побезбедно, истакна Коневски.

Овој проект е дел од новата програма со која Коневски ја побара довербата од граѓаните на Аеродром за локалните избори кои ќе се одржат на 24 март, но потенцира дека освен во програмата, урбанизацијата е дел од планот за реализација на општината за 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top