| четврток, 6 декември 2018 |

Прешевската долина пред експлозија

Белградските медиуми пренесувааат дека силни полициски сили во текот на денот се движат кон југот на Србија каде растат тензиите откако Албанските лидери одбија да го тргнат споменикот на УЧК во Прешево .

– Се очекува уривање на споменикот но пред тоа ќе се стори се за да се најде мирно решение на кризата. Доколку нема мирна разврска употребата на сила е неминовна – вели извор од Српската влада за весникот Телеграф во врска со најновата криза на југот на Србија.

Предходно пратениците во Собранието на Косово Реџеп Сељими и Наит Хасани најавија дека доколку Белград со сила го урне споменикот можно е да дојде до вооружени судири.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top