| четврток, 6 декември 2018 |

Белгија ја оправдува фаворитската улога (видео)

Israel vs Belgium

Се си дојде на свое место во групата Б од квалификациите за Европското првенство 2016 година. Белгија триумфираше на гостувањето во Тел Авив со директниот конкурент за првото место. Единствениот гол беше дело на препородениот играч на Манчестер Јунајтед Маруан Фелаини во деветтата минута од натпреварот.

По комплетирањето на 5. коло во оваа група, Белгија сега се израмни со 11 бода на чело на врвот од табелата со Велс, но со далеку подобра гол разлика. На третото место сега е Израел со 9 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top