Натпреварот од 9.коло во Светската ватерполо лига меѓу Франција и Црна Гора одигран вчера во Нанси го одбележа скандал. Наместо црногорската химна „Ој света мајска зоро“ домаќинот ја интонираше химната на поранешната СФРЈ „Хеј Словени“.
Од црногорската репрезентација соопштија дека и покрај протестите на официјалните претставници, Французите не успеале да се „извадат“ за скандалот и да ја пуштат химната на државата Црна Гора.
Организаторите на мечот покрај извинувањето се правдаат дека грешката е направена поради тоа што од Светската федерација за водени спортови (ФИНА) ја добиле таа химна.
ФИНА и претходно во уште два наврата на црногорските ватерполисти им приредила слична непријатност при интонирањето на химната. Еднаш на Светското првенство во Рим 2011, а вторпат во Светската лига во Фиренца 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.