| четврток, 6 декември 2018 |

Легендата Ратко Рудиќ се враќа во хрватското ватерполо

ratko rudic

Легендарниот ватерполо тренер, Ратко Рудиќ, од вчера повторно е во репрезентацијата на Хрватска, соопштија тамошните медиуми.

На 68-годишниот Рудиќ својот последен ангажман му беше ватерполо селекцијата на Бразил на Олимписките игри во Рио, а во својата богата тренерска кариера има освоено четири олимписки злата и тоа со три различни селекции и по три светски и европски злата.

Во својата играчка и селекторска кариера Рудиќ има освоено 64 трофеи, од кои 36 од големите натпреварувања, а со Хрватска е освојувач на „златниот покер“ од големите натпреварувања (Олимписки игри, Светско првенство, Европско првенство и Супер лига).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top