| четврток, 6 декември 2018 |

Филип Филиповиќ е прогласен за најдобар ватерполист во Европа

Српскиот ватерполист Филип Филиповиќ е прогласен за најдобар во Европа во изборот на ЛЕН. За него оваа награда е трета награда, бидејќи ја освојуваше и во 2009 и 2014 година.

До титулата најдобар во Европа, Филиповиќ стигна со 73,2% од гласовите, а зад него се пласираа Бранислав Митровиќ (17,8%) и Андрија Прлајиновиќ (4,6%).

Филиповиќ беше еден од најзаслужните за освојувањето на Европското првенство, кое се одржа во Белград. Исто така со репрезентацијата на Србија ја освои и Светската лига и Олимписките игри во Рио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top