| четврток, 6 декември 2018 |

Сребрен медал за Стефанија Гаштарска на Светскиот балетски натпревар во Романија

Младата балерина Стефанија Гаштарска на Светскиот балетски натпревар во Романија, кој се одржа од 19 до 21 март, во конкуренција од 200 учесници од целиот свет, го освои сребрениот медал. Таа вчера се сретна со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која и го честиташе успехот. По освоеното меѓународно признание, Гаштарска во јуни годинава, со поддршка на Министерството за култура, ќе настапи и на познат меѓународен балетски натпревар во Орландо во Соединетите Американски Држави каде ќе се претстави со кратка балетска точка за која музиката ја изработи Кирил Џајковски.

01 balerina

Стефанија, која има 13 години и е ученичка во 8 одделение, појасни дека на натпреварот, освоила најголем број поени во својата натпреварувачка група за класичната варијација, по што учествувала и на натпреварот за наградата гран при, каде што партиципирале осум натпреварувачи од сите групи и категории кои имаат добиено најголем број поени. Младата балерина, како претставник на Република Македонија, се претставила и на завршниот гала-концерт, на кој, покрај наградените учесници на натпреварот, настапиле и неколку врвни светски балетски имиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top