В петок, (3 април), со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена една од најгледаните балетски продукции во МОБ, балетот „14 часа“. Ова е современо балетско дело, кое низ синџир од 12 сцени, ги разработува женско-машките односи, преку ликовите на Лили и Марк. Автор на музиката е Кирил Џајковски, кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров, костимите на Александар Ношпал, а режијата и либретото на Наташа Поплавска. Играат: Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Дафина Данилоска,Васил Чичијашвили (Грузија), Бобан Ковачевски, Игор Веланоски, Јан Кисилев, Агим Бафтии, Гиорги Беридзе (Грузија).
Од Македонска опера и балет информираат дека претставата „14 часа“ со истата авторска и изведувачка екипа, ќе гостува во Париз (Франција). Предвидено е претставата да се одигра на 12 април во театарот „Палас“, со почеток во 20 и 30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.