| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ победува и кога е се загубено

Новак Ѓоковиќ победува и кога е во навидум потполно загубена ситуација, а токму во таква состојба го доведе извонредниот Александар Долгополов во четвртата рунда на Ки Бискејн во Мајами.

Украинецот играше извонредно до средината на вториот сет, комплетно го надигра најдобриот светски тенисер, но и тоа не беше доволно за победа. Долгополов водеше со 1-0 во сетови и 4-1 во игри во продолжението, победата сигурно му се насмевнуваше, но сепак до неа не стаса. Ѓоковиќ ги издржа сите налето на опасниот Украинец, ја стопи предноста и со 7-5 во гемови израмни на 1-1, а се потоа беше рутина за него.

Противникот падна психички, па Ѓоковиќ го искористи моментот и во решавачкиот сет го декласира Долгополов со 6-0 за пласман во четвртфиналето на турнирот.

Неизвесен меч што беше решен со три тај-брејка одиграа одличните сервери Џон Иснер и Милош Раониќ, а победи Иснер, кој имаше повеќе нерви од противникот.

И кај дамите имаше трилер мечеви, а програмата вчера заврши со прекрасниот меч меѓу Карла Суарез Наваро и Венус Вилијамс. Шпанката славеше со 2-1 во сетови, иако првиот го загуби со 0-6.

BNP Paribas 2014 Masters Tennis Tournament

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top