Менде Диневски, кандидатот за градоначалник од Сојузот за иднината денеска, претставувајќи го вториот дел од својата изборна програма, се задржа на проектот „Мое маало – Мое село“.
„Мое маало – Мое село“ е дел од изборната програма опфаќа долгорочни решенија за граѓаните на Битола, без разлика дали се од центарот или од околните места, бидејќи направена е од граѓаните за граѓаните, со цел подобар и поквалитетен живот во целата наша општина – истакна тој.
Тој рече дека најголем дел од барањата во секое населено место се потребите од асфалтирање на улици, изградба на канализација и водоводи, осветлување, спортски игралишта, зелени површини, подобри автобуски линии, чистење на депонии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.